Кражба на дрва на планината Караорман

Кривични пријави заработија седум лица поради сеча на дрва на планината Караорман, информираат од СВР Охрид.

 |   | 

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „кражба на дрва” и „пустошење на шуми”, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Џ.Т.(48) од струшкото село Ново село, Р.Л.(31) од Струга, А.Р.(32) од селото Долно Татеши, против едно правно лице со седиште во Ново село., како и против албанските државјани А.З.(43), М.А.(43), К.Е.(29), М.П(35).

При контрола извршена на 17.08.2021 година на планината Караорман, полициските службеници ги затекнале албанските државјани при нелегална сеча на буково огревно дрво кое, со коњи  го транспортирале до товарно возило, сопственост на првопријавениот и неговото правно лице. Притоа, со претставници од шумското стопанство „Јабланица” од Струга, утврдено е дека извршена била бесправна сеча на 10.2.19 м3 букови дрва – информираат од СВР Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top