Ковид пациенти ја преполнија Модуларната болница во Струга

Расте бројот на заболени, а расте и притисокот врз болниците. Модуларната болница во Струга полна со пациенти, останаа уште три слободни места. Заболени од корона вирусот ќе се лекуваат и на Интерното одделение во струшката болница.

 |   | 

Се наполни модуларната болница во Струга. 32 лица се хоспитализирани, останаа уште три слободни кревети. 22 пациенти се на кислородна поддршка, а најмладиот има 38 години. Седум од хоспитализираните биле вакцинирани со две дози, но тие се постабилни и со полесна клиничка слика.

Кадровскиот потенцијал добро се менаџира, имаме распоред, ротираат. Имаме еден инфектолог, седум интернисти но имаме зајакнување од специјализанти кои што се вратени и се вклучени во справување со ситуацијата – вели Арменд Арслани.

Се прават подготовки и интерното одделение во струшката болница, повторно да биде Ковид центар 2. Таму има дополнителни 30 кревети за згрижување на позитивни пациенти.

Го имаме и инетрното одделение кое е подготвено и рсполага со 30 кревети од кои 7 се снабедни со централен довод на кислород и немаме моментално таму хоспитализирани пациенти во Ковид 2 или интерно одделение – додава Арслани.

Во Струга во моментов има 322 активни случаи на корона вирусот, а во Охрид 303. 32 лица се хоспитализирани во модуларната болница во Охрид, а 4-ца од нив биле вакцинирани со две дози. Според лекарите имунизираните се во постабилна состојба.

 

 

Новинар Соња Рилковска

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top