Кошарката во Струга нема да изумре

Пропадна „Кимико“ но се формира нов клуб. Со успесите на девојките, Струга повторно ќе се издигне високо во овој спорт, вели тренерот на новиот клуб.

 |  Колоска Билјана  | 
kоsarka
кошарка

Пропадна „Кимико“ но се формира нов клуб. Со успесите на девојките, Струга повторно ќе се издигне високо  во овој спорт, вели тренерот на новиот клуб.

kosarkarkiСтруга повторно ќе се препознава по врвните успеси во кошарката. Првите места на европските листи ќе ги освојуваат кошаркарките од Струга,  но како тим од нов клуб, а не од „Кимико“ чии членови беа во изминатиот период. Резултатите што ги постигна „Кимико“ не може да се заборават, но на сите ни е јасно поради кои причини пропадна клубот, вели поранешниот тренер на „Кимико“ и актуелен на новоформираниот клуб. „Од една страна, клубот имаше блокирана жиро-сметка а од друга – квалитетни и надежни играчи…. затоа моравме по секоја цена да формираме нов клуб,  преку кој повторно Струга ќе ја издигнеме на врвот по изиграни убедливи победи“ вели тренерот Владо Ѓоровиќ и додава дека по негова иницијатива, но и желба на родителите и кошаркарките го формирале новиот клуб „Струга 2009“.
Со формирмирањето на новиот клуб, членовите добија надеж дека своите вештини ќе можат да ги покажуваат надвор од нашата држава.
„Секако дека не е исто да тренираме во клуб кој пропаѓа  и знаеме дека нема надеж. Сега се надеваме дека новиот клуб ќе ни овозможи да успееме во нашите намери“-вели Василеска Јасмина член на КК „Струга 2009“.
Тимот на новиот клуб речиси е идентичен на оној претходно. Членовите се искусни кошаркарки, а тренерот верува во нив и нивните способности. Новиот клуб со активности веќе започна. Викендов во училиштето „Јахја Кемал“ се одржа јуниорско првенство, каде гостуваше и екипа од Гостивар, информира тренерот Ѓоровиќ.
Да се надеваме дека со успесите на нашиот клуб ќе се гордеат сите граѓани, а ние ќе дадеме се од себе за да ја претставиме Струга во најдобро светло, потенцира тренерот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top