Корупцијата во Македонија на петто место

Корупцијата во Македонија е на петто место како клучен проблем. Пред неа се невработеноста, сиромаштијата, високите цени и ниските примања. Тоа го покажа најновиот извештај за проценка на корупцијата во земјава изработен од Македонскиот Центар за меѓународна соработка во рамки на УСАИД програмата за таа област.

 |  Николоска Биљана  | 
korupcija
корупција

korupcijaМакедонците ја препознаваат корупцијата дури и во посложени форми но не се решаваат да ја пријават. Граѓаните се сретнале со корупција во работата на локалните власти, лекарите, полицијата. Но сепак корупцијата во земјата не е на врвот на листат проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Ова го покажува извештајот за проценка на корупцијата во Република Македонија  изработен од МЦМС.

„Извештајот покажува дека корупцијата македонските граѓани ја сместуваат на петтото место како клучни проблеми со кој се соочува државата, после сиромаштијата невработеноста, ниските приходи, високите цени“ – вели Моника Велјаноска од МЦМС.

Граѓаните на Македонија ја препознаваат корупцијата, посебно посложените форми како што се непотизмот,  клиентелизмот, вели Велјаноска. Граѓаните сметаат дека 20% од јавните службеници се корумпирани а околу 7 % од граѓаните се изјаснале дека воопшто не се корумпирани.

korupcija„Грѓаните, судовите и полицијата ги сметаат како најкорумпирани области додека пак вистинското искуство со корупција најмногу е во работата со локлжалните власти кај полицијата и лекарите“ – додава Велјаноска.

Љуљзим Азири од Асоцијацијата за демократски иницијативи од Гостивар, вели дека како невладин сектор кој активно е вклучен во насока на заштита на човекови права се приклучува во овој проект бидејќи е во насока на програмата за човекови права.

Извештајот на  МЦМС кој денеска беше презентиран пред јавноста во Струга ја користи методологијата за следење на корупција подготвена од центарот за проучување на демократија од Бугарија. Според ОН тој систем е еден од најдобрите  кои што ја покажуваат распростренетоста на корупцијата на национално ниво. Истово истражување на македонскиот центар за меѓународна соработка е направено и во 2002 година. Споредбено со тој период распространетоста и подложноста на корупција е намалена, додека пак вклученоста во корупивни практики и коруптивниот притисок се зголемени.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top