Консултативен состанок за Дримски басен

Првата конференција на долгонајавуваниот проект за управување со реката Дрим официјално почнува на 28 мај. Дримскиот дијалог конечно во прва фаза. Овој дел го финансира Шведската влада. Еколошките и енергетските потреби на преден план.

 |  Билјана Николовска  | 
drim
Дрим

DrimПрвата конференција на долгонајавуваниот проект за управување со реката Дрим официјално почнува на 28 мај. Дримскиот дијалог конечно во прва фаза. Овој дел го финансира Шведската влада. Еколошките и енергетските потреби на преден план.

Управувањето со Дримскиот басен e комплексна работа. Првиот консултативен состанок на оваа тема ќе се одржи на 28 мај годинава во Охрид. Претставници на 5 држави кои дирекно се засегнати за решавање на проблемите околу заштитата и управувањето со езерата и басенот, ќе пристигнат во нашиов град. Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат вели дека неопходно е решавање на ваквите проблеми бидејќи ние последниве неколку месеци дирекно ги почувствувавме негативните влијанија од високиот  водостојот на Охридското Езеро.
Интерес од проектот за Дримскиот басен имаат сите 5 држави. Но, најмногу интерес имаат Албанија и Македонија бидејќи во најголем дел реката Дрим ги опфаќа овие две држави. Следува студиска работа од една година за да се добие трансгранична дијагноза за дримскиот басен, вели Паноски. Тој кажа збор два и за бенефитот на земјата од овој дијалог.
Средствата одобрени за првата фаза не се многу големи. Нив ги обезбеди шведската Влада, рече Паноски. Додека пак за главниот проект потребни се околу 5 милиони евра за сите инфраструктурни и институционални потреби.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top