Концесија или јавно-приватно партнерство

Запазени се сите законски норми за склучување на ЈПП за трите комунални дејности, управување со пазарот на големо, пајак службата и рециклирање на комунален отпад, се тврди директорот на ЈП „Комунално“, од Струга, Петко Кутаноски, откако претходно тие информации не ни беа достапни од ова претпријатие.

 |  Николоска Биљана  | 
dokument petko
документ петко

Што ќе донесе ЈПП за три комунални дејности на ЈП „Комунално“, Струга? Подобар квалитет на услугите или повисоки цени. Мислењата на стружани околу оваа проблематика поделени. Како што ТВМ веќе информираше, кванташкиот пазар, пајак службата и рециклирањето на комуналниот отпад, отидоа во рацете на два ДОЕЛИ од Велешта „Бени Маркет“ и „Албафокс“  и една на „Сити Логистик“ од Скопје.

petkoДодека во Македонија на прсти можат да се избројат успешно спроведени постапки за јавни приватни партнерства, Комунално од Струга за нецела година ја спровело постапката за вакви партнерства за три свои комунални дејности. Подготвувањето на документацијата за законско спроведување на постапката за јавно-приватно партнерство, очигледно за ова ЈП одело како подмачкано. Според директорот на Комунално, Петко Кутаноски, запазени биле сите законски норми и рокови и ништо не било тајна. Управниот одбор  во февруари 2012 год донело одлука за отпочнување на постапка за ЈПП откако ја согледале тешката финансиска состојба на прет-то. Отпосле  во периотот помеѓу мај и август истата година биле изработени три мини студии или елаборати за оправданоста од таков чекор.

„Законските норми се сите запазени, формирана е комисија, таа даде предлог до директорот дека се исполнети условите за отпочнување на постапка за ЈПП, ЈПП значи се објасни зошто може да функционира кои се главните цели заради што се распишува па дури потоа кога добив одобрување од Совет од УО мислење од Комисијата потпишав одлука за распишување на ЈПП“– изјави Кутаноски.

dokument petkoЕкспресно, биле објавени јавните повици преку Бирото за јавни набавки и тоа пооделно во август за пајак службата, септември за кванташкиот пазар и ноември за рециклирање комунален отпад. На сите повици имало само по еден заинтересиран понудувач со кои биле склучени договорите. Лошата состојба на Комунално Струга која е хронична години наназад, не е спорно дека е причина за отстапување на комунални дејности на приватни партнери. Но формата на ЈПП во случајов повеќе е класична концесија што може да се заклучи и според тоа што и досега , на пример кванташкиот пазар бил стопанисуван од фирмата Бени маркет преку договор со Управниот одбор на КП.

„Пазарот на големо никогаш не профункционирал, таму се случуваше да нема ниту еден камион, значи ние како сопственици на пазарот сме должни да седиме и чекаме и да ги услужиме оние кои ќе побараат услуга. Меѓутоа не сме надлежни ако не дојдат таму а се постави на раскрсницата на влезот во Струга, да појдеме да го отстраниме или казниме, такви ингеренции немавме “ вели Кутаноски.

Договорите за Јавно приватно партнерство со трите дејности, управување со пазарот на големо, пајак службата и рециклирање на комунален отпад склучени се на десет години, информира Кутаноски. Дали  граѓаните на Струга се заштитени од опасноста приватниот партнер да остварува профит пред социјалниот карактер на ЈПП за подобрување на квалитетот на услугите , ќе покаже времето.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top