Комунален проблем стар десет години

Жителите од улицата „Јабланица“ мака мачат со атмосферските и канализационите води кои се собираат пред нивните домови.

 |  Крсте Голабовски  | 
kanalizacija
канализација

kanalizacijaНеодамна до нашата редакција пристигна допис од граѓани кои живеат на оваа улица, во кој тие реагираат во врска со отворена јама, од која истекува атмосферска и канализациона вода, која се собира во каналот пред нивните дворови. Тие се жалат дека во летниот период смрдеата која доаѓа од водата е неподнослива, додека за време на зимата се соочуваат со поплави. Поради лошото искуство со поплавите, некои од жителите се дури приморани да ги заштитат своите ќуќи со изградба на дополнителни потпорни ѕидови, кои сепак претставуваат привремена заштита од надојдените води во зимскиот период. Во врска со овој долгогодишен проблем, ТВМ телевизија се обрати до директорот на новоформираното јавно комунално претпријатие „Нискоградба“ Владо Цветкоски, кој не информира дека проблемите кои се однесуваат на надворешни канали не се во нивна надлежност. А што се однесува до двете шахти, Цветкоски додаде дека тие се во нивна надлежност и уште во текот на денешниов ден ќе испрати екипа која ќе утврди дали водата која истекува доаѓа нив. Тој потенцира, дека доколку се утврди дека излевањето на загадената вода е од шахтите, во најкраток рок ќе се пристапи кон решавање на овој проблем.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top