Кој како ќе стигне

Контролните шахти од колекторскиот ситем се полнат со езерска  вода.На потегот од хотелот Метропол до плажата Лагадин направен е упад во примарниот колектор. Несовесни граѓани на своја рака атмосферските и фекалните води ги спровеле во контролната шахта на колекторскиот систем.

 |  Крсте Голабовски  | 

Контролните шахти од колекторскиот ситем се полнат со езерска  вода.
На потегот од хотелот Метропол до плажата Лагадин направен е упад во примарниот колектор. Несовесни граѓани на своја рака атмосферските и фекалните води ги спровеле во контролната шахта на колекторскиот систем.   Од МЈП, Проаква, Р.Е „Колектор“ информираат дека станува збор за недоизграден дел од колекторот и дека тие немаат надлежност врз тој дел од колекторскиот систем.

ajro

„ Таа делница не е приклучена во системот на колекторот. Ѕоа значи дека Проаква, до ден денес нема писмено известување дека системот е завршен и треба да се приклучи во постоечкиот систем,“ информира Ајро.

Ајро инфромира дека ова не е прв ваков случај. Имено со ваков проблем, пред извесен период се соочиле и во Струга, кога во западниот дел на колекторскиот систем, вршен е упад во примарниот дел на системот. Интервенирано е навреме, па со таа цел е изграден секундарен систем и конторлна шахта, и е избегнато да дојде до поголема штета. Што се однесува до процедурата за приклучување на колекторскиот систем, директорот Ајро информира дека станува збор за едноставна процедура.

„Процедурата е многу јасна. На тој што управува со колекторскиот систем, а тоа е Проаква, ние не сме управители туку општинските органи, кои пак ќе ги упатат до нас и ние ќе им ја објасниме постапката за приклучување на постоечкиот систем на колекторот“, кажа директорот на Р.Е. „Колектор“.

Kolektor shahtaДиректорот на Р.Е Колектор потенцира дека овој дел од колеторскиот систем треба да биде наскоро завршен. Се очекува инсталација на пумпите кои се пристигнати, така да веднаш штом дојде до примопредавање на тој дел од колекторскиот систем, ќе биде направена детална контрола за тоа што, кој, како, и каде се приклучил. За секое нерегуларно приклучување ќе бидат преземени соодветни санкци, дециден е Ајро.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top