Кој и како му ја скрои капата

Комуникациската мрежа Facebook не е имуна на меѓупартиските преукувања.

 |  Николоска Биљана  | 
logo
лого

Комуникациската мрежа Facebook не е имуна на меѓупартиските преукувања.

Се е кристално чисто однапред договорено и секако поткрепено со законски акти, изнајдени по секоја цена.

logo
ТВМ преку атрактивната страна ФБ ексклузивно дојде до информација каде јасно е прикажан механизмот со кој се служи владеачката гарнитура во Вевчани за да ја изврши промената на кадри во образованието по партиска задача. Дека се излегува на бела виделина, посебно нечесните игри, зборува и следното. Под наслов „Предлог за разрешување“, јасно е прикажан документ, со изразено препознатлив вевчански дијалект од кој се гледа како се прилепуваат работи со цел да се постигне саканото. Во документот стои цитирам
„Борка се слушнав со Кич денеска, бил во министерството и се распрашувал за постапката што треба да се води за менувањево. Се е во ред со ова што го водиме до сега, немам информација дали Миленко ќе закажи, меѓутоа ние имаме право да одржиме седница и да донесиме заклучоци кои ќе ги испратиме до министерството за образование, просветен инспекторат, градоначалник, директор и. т. н. (така му рекле на Кич).
Затоа дај уште нешто да му препишиме на типов, за да немат аргументи никакви, состави нешто аргументирано поткрепено со законски акти и прати ми. Перо ми спомна вчера нешто дека некој наставници, што предавале по селава незаконски им давал плата од  школскиот буџет, а требало да рефундираат од местата каде што предаваат пример Октиси, тој не превзел ништо околу тоа. Размисли и пушти, а и ти спремај се за петок секако рачунај дека имаме училишен. Поздрав Борка“.
Препораката кон ова би била, дека ФБ страната треба да ја користат добрите познавачи на условите кои истата ги нуди, за да не дојде до вакви ситуации каде очигледно вистината се обелоденува на непопуларен начин, а сепак отворен и достапен за сите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top