Коалицијата Заедно за Струга се надева на фер избори во недела

Најверојатно тогаш и конечно ќе се знае кој ќе ја добие довербата на граѓаните, Владимир Кочоски заедничкиот кандидат на здружената коалиција или Зијадин Села од ДПА.

 |  Николоска Биљана  | 
Zaedno za Struga
Заедно за Струга

Трета среќа. Задоволни сме од одлуките на Уставниот суд и очекуваме регуларен изборен процес, изјави претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Перо Петкоски. Како што нагласи тој, третиот изборен круг воопшто не е за занемарување и може да има влијание врз конечниот изборен резултат за тоа кој ќе биде прв човек на општина Струга.

Pero Petkoski„Она што сакавме да и го предочиме на јавноста за нерегуларностите во изборниот процес во Струга конечно излезе на виделина, Упрвниот суд пресуди во полза на вистината, така да се надеваме на трет изборен круг и ќе победи подобриот но на регуларен начин. Исто така задоволни сме од местата каде што треба да се прегласува“.-рече претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Перо Петкоски.

Петкоски и покрај тоа што е благодарен од одлуките на Управниот суд околу избирачките места каде што треба да се прегласува, тој смета дека според нивните забелешки требало да има прегласување и на други места. Петкоски ги посочи местата каде изборниот процес ќе се изведува по трет пат.

„Ќе се прегласува на три места во градот 2 места во Октиси, две во Подгорци и едно во Боровец, во Лабуништа нема да има прегласување“-вели Петкоски.

Според информациите од канцаларијата на здружената коалиција „Заедно за Струга“, на сите девет избирачки места каде ќе се прегласува, вкупниот број на гласачи е речиси 7.500. разликата во гласови помеѓу кандидатот на ДПА Зијадин Села и Владимир Кочоски во вториот изборен круг изнесуваше околу 5.500 гласови, во корист на Села.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top