Локалниот пат кој води од селото Белчишта до манастирот „Света Богородица“ во село Злести во иднина ќе биде рехабилитиран и обновен.
Локалниот пат кој води од селото Белчишта до манастирот „Света Богородица“ во село Злести во иднина ќе биде рехабилитиран и обновен.
За таа цел надлежните служби во општина Дебрца деновиве објавија Јавен оглас за изработка на Техничка документација за рехабилитација на ова патно поврзување.
Според огласот кој е објавен преку Електронскиот систем за јавни набавки, изработката на документација ќе чини околу 4.800 евра или точно 300.000 денари.
Согласно процедурите, откако ќе биде изработена техничката документација ќе се објави Јавен повик преку кој ќе се побара изведувач на оваа инфраструктурна активност.
Крајниот рок за доставување на понудите за изработка на техничка документација истекува утре на 21-ви јануари 2016 година.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град