Ќе се следат ретките птици на Галичица

Во Стење се гради првата набљудувачница. Од тука научниците ќе го следат развојниот пат на ретките видови птици во регионот на Преспанското Езеро.

 |  Билјана Николовска  | 
nabljuduvacnica
набљудувачница

Преспанскиот регион најбогат со птици. Досега се забележани околу 293 видови од вкупно 323 регистрирани. На источната страна на НП „Галичица“ во близина на Стење, поточно во Стењското Блато, експертски тимови на оваа установа и хидробиолошкиот институт, ќе ги набљудуваат ендемичните видови на растителен и животински свет.
Ретките видови птици кои во Еврпа се загрозени, во Преспа се заштитени, вели Оливер Аврамоски биолог во НП „Галичица“. Изградбата на набљудувачницата во Стењското Блато ќе биде од голема важност за регионот од неколку аспекти, додава тој. Со тоа, се обезбедува и физичка заштита на Стењското Блато, како и помош за еколошка едукација на бројните посетители кои ќе го посетат ова место.
Првата набљудувачница на НП „Галичица“ е добредојдена и за експертите од Хидробиолошкиот институт. Посебно, за спроведување на трилатералниот мониторинг проект, кој истовремено, синхронизирано, се спроведува на трите страни, Македонија, Албанија и Грција, вели Зоран Спиркоски.
Првата набљудувачница на НП е дел од системот на патеки на кои се работи во моментот во должина од 350 км, велат од таму. За да се стигне до неа, ќе се постават информативни табли. Инаку, Стењското Блато има статус на строго заштитено подрачје веќе 30 години, но човекот и тука направил негативни интервенции. Остатоците од отпадните материи кои сеуште ги има таму, се само доказ за тоа. Од НП „Галичица“ веруваат дека овој регион крие видови на птици кои досега не се видени.
krajolik Galicica
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top