Наголемо ќе се слави јубилејот за македонската химна

Химната на Македонија е гордост за секој Македонец, а посебно за стружани.

 |  Билјана Николовска  | 
himna
химна

ОО на СДСМ од Струга побара пратениците на власта во македонскиот парламент да им кажат на нивните сограѓани каде и кога се одбележа големиот јубилеј 70 години од македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“. Исто така тие обвинуваат, дека посебно во Струга, се помалку се придава важност на одбележување на празници кои се од исклучително национално значење. Струшките социјалдемократи велат дека години наназад од ВМРО – ДПМНЕ не најдоа време да дојдат на прославувањето на барем еден празник поврзан со НОБ и Револуцијата како и тоа дека за прв пат се појавија во 2010 година на прославувањето на 8- ми Ноември Денот на ослободувањето на Струга. Членовите на СДСМ не се срамат од НОБ. Велат дека тоа е дел од нашата историја.
makedonska himna

Ваквите обвинувања се неприфатливи за пратеничката на ВМРО – ДПМНЕ од Струга, Лилјана Затуроска. Таа потенцира дека откако е на позиција владеачката партија на ВМРО – ДПМНЕ, посебно во Струга, јавна тајна е дека кај македонците се врати самодовербата. Додаде дека од ОО на СДСМ најмалку имаат право да зборуваат за тоа, бидејќи стружани се заситени од нивниот говор кој кај нив буди чувства на срам, болка и понижување. Затуроска изјави дека во никој случај не може да се заборави 70 годишниот јубилеј на македонската химна, за чиешто одбележување се подготвуваат наголемо за 5 ти септември, денот на раѓање на авторот на химната Владо Малески.
muzej Nezlobinski

Дека во Струга не се забораваат и се одбележуваат настаните кои се од исклучително национално значење, потврдува и директорот на НУ „Др.Никола Незлобински“, Сашо Цветкоски. Тој потсети дека во никој случај не може да се заборават круцијалните проекти поврзани со низата одбележувања во чест на браќата Миладиновци за кои Министерството за култура ги обезбеди сите потребни средства, како и за тековните проекти на НУ. Цветкоски кажа дека веќе е изготвена и прифатена и годинешната програма која содржи одбележување на значајни настани.
Цветкоски потсети дека и Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ реализира поголем број проекти, за одбележување на значајни настани и се тоа со поддршка на Министерството за култура. Досега од Локалната не се слеани никакви финансиски средства за одбележување на настани кои се од исклучително национално значење, иако од страна на струшките советници добиле зелено светло, категоричен директорот на НУ „Др. Никола Незлобински.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top