Ќе никне нов „Мост на Нина“

Идејниот проект за новото лице на „Мостот на Нина“, на маса, во кабинетот на градоначалникот Рамиз Мерко. Проблемите поради кои закочи изградбата на мостот се надминати, вели градоначалникот.

 |  Билјана Николоска  | 
most na nina
мост на нина

Ramiz MerkoГрдата слика на остатоците од некогашниот „Mост на Нина“, набргу ќе исчезне. Новиот идеен проект за мостот во тродимензионална техника веќе е на маса кај првиот човек на градот Рамиз Мерко. Градоначалникот вели дека идејниот проект ги поминал сите институционални и јавни филтри, така што веќе за него може да се даде зелено светло и да се објави тендер за изградба и да се избере изведувач. Мерко рече дека новиот мост ќе се разликува од досегашниот кој поради неговата небезбедност се заменува со нов.

most na nina

Мостот на Нина се најавуваше дека ќе биде готов уште минатата година, но ништо од тоа. Работиите закочиле пореди неколку околности меѓу кои и финансиите вели Мерко.

proektНовиот мост кој треба да отпочне да се гради после туристичката сезона ќе чини околу 150 илјади евра. За отстранување на остатоците од стариот мост издвоени се средства од 5 000 евра и веќе има фирма која ќе го направи тоа. Новиот мост планирано е да биде пешачки, но градоначалникот Мерко вели дека статиката на истиот ќе дозволи поминување на противпожарно возило како и на лесни возила, но само во една насока.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top