Карпа се одрони во двор на куќа во Радожда

За среќа нема повредени. Камењата уништиле помошни простории. . Карпата се одронила  најверојатно поради мразот и  ниските температури. Од општината најавиле расчистување на одронот но семејството Пејоски  и нивните соседи стравуваат од нови одрони.  

 |  Соња Рилковска  | 


Голем  одрон  на карпи  срамни неколку помошни објекти во близина на куќите  во струшко Радожда.  Веднаш до пештерната црква, Свети Архангел Михаил на влезот од селото,  вчера утрото околу 7 часот силна бучава,  која наликувала на земјотрес го разбуди семејството Пејоски. Распаднатите карпи од планината  им ги уништија помошните просттории во дворот на  куќата, Среќа е што нема повредени.  Жителите преплашени, стравуваат од нови одрони кои може да им  ги срамнат куќите.

„Страв голем, да не можеш в куќи да седиш. Секој да е секој ќе се исплаши. Сега има ризик и за други одрони да се  случат каде што е напукнатог големата карпа каде се урна.  Овој пат не влезе во куќата но следен пат не се знае, тешко е многу.“ вели Арсе Пејовски еден од тројцата браќа кој живее во куќата.

Одронот се претпоставува дека е предизвикан од снегот. Семејството Пејоски  велат дека не паметат вакво нешто и стравуваат  од нови одрони од надвиснати карпи.  

„Толку беше силно што ни се чинеше дека цела куќа ќе се сруши  од толку силен удар. Не можеме уште да се соземеме под стрес сме дечињата ни се вознемирени Се надевам дека ќе  се преземат мерки за да имаме надеж дека во иднина ваква непогода нема да се повтори“, Билјана Пејоска  жител на погодената куќа.

Од Општина Струга  најавија дека ќе извршат  увид и ветиле расчистување на теренот, но се додека се случи тоа семејството Пејоски и нивните соседи ќе живеат во страв.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top