Започна со работа канцеларијата на Југозападен плански регион. Седиштето е во Струга, општина со најголемброј жители за разлика од другите градови, членови на планскиот регион. Канцеларијата се наоѓа во зградата на подрачна енидица на Народна одбрана. Таму, работно ангажирани се 4 лица.
Истата иако целосно не е оспособена за работа, сепак веќе втора недела откако таа функционира, информира градоначалникот Рамиз Мерко.
„Задачите на вработените во канцеларијата се доста обемни. По Националната програма за рамномерен развој , тука ќе се прибираат сите проекти од интерес на регионот“-вели Рамиз Мерко, градоначалникот на Струга.
Советот на градоначалници од 13-те општини, ќе одлучуваат кои проекти ќе бидат финансиски покриени а кои ќе почекаат, вели Мерко. Приоритет ќе имаат проектите кои се од интерес на повеќе општини членки на Југозападниот регион.
„Тоа се повеќе инфраструктурни проекти, но треба да се од заеднички интерес, треба да поврзуваат 2 до 3 или повеќе општини. Најголема придобивка е за руралните општини кои не можат да добијат средства од други извори, одлична можност ќе им се парите опд од Планскиот регион“-истакан Мерко.
Градоначалниците веќе имаат по некој проект со кој ќе конкурираат за да добијат средства за реализација. Ова е одлична можност за секој град, вели градоначалникот Мерко, а воедно и претседател на Планскиот регион. Доколку работите се одвиваат според планот, очекуваме големи ефекти од заедничкото делување на Југозападниот плански регион, додаде струшкиот градоначалник.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град