Агенцијата за туризам, започна туристичката промоција на Македонија и во соседните земји.
Од денеска билборди со фотографии од Охрид и Македонија се поставени на видни места во Словенија, Србија, Бугарија и Албанија. Покрај тоа до македонските амбасади во овие земји испратени се 100 тина постери кои треба да се дистрибуираат до туристичките агенции.
Покрај билборд кампањата до македонските амбасади испратени се 100 тина постери Б – 2, а од таму тие треба да се дистрибуираат до туристичките агенции. Оваа кампања на агенцијата очекуваме во голема мера да допринесе во зголемувањето на бројот на странските туристи во Македонија. Слични активности ќе спроведеме и во Украина, вели директорот на агенцијата за туризам. Тој најавува и поставување на туристички инфо столбови, на двата аеродроми и на граничните премини. Целта е овие информативни места, на сите туристи кои влегуваат во Македонија, да им им нудат промотивни матријали за нашата земја. Задоволни сме од активностите кои се спроведуваат и се надеваме дека со овие потези на агенцијата ќе има прилив на гости од секаде. Последен пат одредени позитивни ефекти од рекламирање на Македониај сме почуствувале во 2007 год, велат од здружението на туристички водичи од Скопје.
Се што се прави деновиве е дел од програмата и акциониот план усвоен од управниот одбор на агенцијата за подршка и промоцја и туризмот. Покрај учество на саеми, раководството на агенцијата уште еднаш кажа, се што е направено досега, а од што очекуваат ефект во иднина.
За потсетување беа споменати посетите на туроператори од велика Британија и Бугарија, а од денска се очекува и пристигнување на претствници на оваа фела и од Германија. Потоа гостувањето на фотографи од дејли телеграф, екипи на националната Турска и Јапонска телевизија, кои снимија документарни филмови за Македонија како Туристичка дестинација.
Стрезоски најави дека во плановите на агенцијата е и иницирање на туристички совети, преку кои треба да се решаат проблемите во туризмот како гранка на локално ниво.
„ Да се донесе странски гостин треба голем напор, а да се избрка е лесно“, рече Стрезоски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град