Камбек на драмскиот живот во Струга

И по 100 години струшката публика е жедна за културни настани. Публиката повторно ќе можат да следаи театарски претстави.

 |  Билјана Ќосеска  | 
SVP
SVP

И по 100 години струшката публика е жедна за културни настани. Публиката повторно ќе можат да следаи театарски претстави.

Театарскиот живот во Струга се враќа. По подолг период застој на прикажување на драмски претстави, во Центарот за кулрура повторно ќе се почувствува театарската еуфорија. Стружани укажуваат дека на градот и граѓаните им се неопходна театарски случувања.
Струга отсекогаш вежал за град кој директно или индиректно е врзан со културните случувања. Тоа што подолг период љубителите на културните настани немаа можност да проследат вакви случувања се должи на политичките интереси, вели режисерот Ристе Миладинов.

„За жал политиката како и во другите обласи така и во оваа има замешано прсти.Се направи подолга пауза но благодарение на директорнката на Центарот за Кулрура, се вративме назад и почнавме да прикажуваме драмски претстави“- истакна режисерот Ристе Миладинов.

S.V.PВо овие 100 години од кога е застапен тетарскиот живот во Струга, граѓаните докажаа дека се љубители на драмските претстави и дека се редовна публика при секое вакво збиднување. Миладинов е уверен дека и по овој камбек на драмските претстави стружани ќе бидат верна публика.

„Интересот очигледно се враќа кај публиката. За последните претстави интересот кај народот се повеќе расте„-додава Миладинов.

Пред струшката јавност вечерва ќе биде премиерно изведена пиесата на Ристо Крле „Гроф Миливој“ во режија на Ристе Миладинов, по повод 100 години драмски живот во Струга. По овој повод ќе бидат изложени и фотографии во фоаето на Центарот за Култура

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top