Калиштани 30 години чекаат асфалт

Триесет години не е инвестирано во патната инфраструктура во Кaлишта струшко, реагираат жителите од оваа туристичка населба. Велат странските туристи се повеќе доаѓаат на кампинг, воодушевени се од местоположбата на Калишта на самиот брег од Охридскот Езеро, но се чудат негрижата на надлежните околу патиштата.

 |  Николоска Биљана  | 

Само со добра патна инфраструктура, може да развиваме туризам. Жителите на Калишта струшко години наназад на надлежните укажувале дека патната инфраструктура која води до нивното село е во очајна состојба, како што изјави Урим Јусуфи потпретседателот на МЗ. Тој вели дека од страна на премиерот уште пред две години им било ветено дека ќе се направи но од тоа ништо.

„Овој пат Струга – Калишта е изграден кога е изграден хотел Бисер, во 1975 година и оттогаш не е направено ништо. Вие како што знаете овој пат требаше да се асфалтира до Радожда бидејќи овој пат е регионален не е општински и овде не е инвестирано од 1975. Сакам оваа Влада да замине бидејќи не знаеме каде завршуваат нашите пари од таксите кои ги плаќаме а колите ги испокршивме“.

Калишта не е направено ништо и покрај ветувањата кои пред две години ни ги дадоа вели, Кире Танаскоски, жител на Калишта. Наместо да се асфалтира целиот пат од Струга до Радожда биле асфалтирани само делови од патот оние кај хотелските комплекси додава  Танаскоски.

„Ова е страмота, треба да се направи ако чекаме туристи, досега не е направено ништо, страмота е овие дупки што ги снимате, ова треба да се направи од Струга до Калишта

Калишта е доста посетено од странски туристи претежно холанѓани, германци. Тие минуваат илјадници километри со своите камп приколки за да уживаат во убавините на Охридското Езеро. Во последно време калиштани се повеќе инвеститаат во изградба на хотелско угостителски капацитети но и во кампинг комплекси. 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top