• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Струга
  • Каевски: Во Струга можеби ќе биде подобро да се сруши постоечкиот и да се изгради нов затворен базен

Каевски: Во Струга можеби ќе биде подобро да се сруши постоечкиот и да се изгради нов затворен базен

Во Струга најверојатно ќе се гради нов затворен базен. Такви се очекувањата на директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, кој вели дека оваа идеја сеуште се разгледува како можна опција за решение на овој децениски проблем.

 |  Николоска Биљана  | 

Агенцијата за млади и спорт разгледува можности за изградба на затворен пливачки базен во Струга. Првиот човек на агенцијата Дарко Каевски вели дека се разгледуваат сите можни опции за реализација на еден ваков капитален проект, со што би се решил и овој проблем засекогаш, бидејќи добро им било познато во каква состојба се наоѓа некогашниот пливачки базен во Струга.

Знаеме во каква состојба е базенот во Струга во една руинирана состојба…и не знам, можеби ќе биде подобро да се сруши постоечкиот кој што е на маргините на пропаѓање, да се направи нов, но сето тоа ќе биде повторно на разгледување и сето она што ќе го направи Агенцијата за млади и спорт ќе биде во соработка со Локалните самоуправи и секако во соработка со граѓаните

Додека пак што се однесува на затворениот базен во Охрид, Каевски открива дека се јавил одреден проблем, кој ги спречил во понатамошните активности за изградба на овој долго очекуван објект.

Во текот на изведбата се отишло под нивото на езерото и малку настанале компликации. Се надевем дека ние како Агенција за млади и спорт со фирмите кои што се изведувачи и подизведувачи за брзо време ќе го решиме проблемот и повторно ќе биде ставен во функција на изработка се со цел до крајот на 2018 најдоцна до почетокот на 2019 да биде во функција за граѓаните на Охрид. Сигурен сум дека ќе имаме одлична соработка со новата Локална самоуправа на Охрид и за брзо време ќе направиме еден модерен базен

Каевски рече дека се она што ќе се работи во периодов што следи, во Струга и Охрид, Агенцијата за млади и спорт ќе овозможи тоа да биде на еден транспарентен начин каде што ќе бидат прашани и граѓаните со цел нивното мислење да биде испочитувано.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top