Каде е моралот?

Партиските вработувања бодат очи и во Струга. Денес на оваа тема се огласи и струшкиот огранок на СДСМ. Проговорија директно засегнати луѓе од оваа проблематика.

 |  Билјана Николоска  | 

Партиската книшка на ДПМНЕ е сила, таа е моќ. Вака струшките социјал демократи ја преименуваа рекламата на Груевски „Знаењето е сила-знаењето е моќ. Претседателот на ОО на СДСМ-Струга, Александар Попоски, упати сериозни обвинувања кон владеачката гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, и јавно презентира конкретни примери. Според него, „ДПМНЕ спроведува свои партиски  принципи и политики. исто така ги потврди нашите укажувања дека во Р. Македонија ексклузивно право на народните пари имаат само партиските војници на ДПМНЕ, функционерите и членовите на нивните фамилии. Во Хидроцентралата Глобочица беше распишан оглас на кој меѓу другите се бараа работници со ЗАМИСЛЕТЕ?! први втор степен на основно образование за на крајот да вработат свој партиски војник теолог“.


Попоски како експлицитен и најизразен пример на партиско вработување го потенцира случајот за Центарот за Култура „Браќа Миладиновци“, каде се извршило вработување според приоритетните листи и фамилијарните врски.
Овој случај го потврди и сведок, дирекно инволвиран во целата состојба околу партиските вработувања. Имено, Николина Велковска по разни основи четири години работела во струшкиот Центар за култура. Таа вели дека нема конкретно образложение на што се должи нејзиниот отказ и замена со друго лице, кое немало ниту соодветна обука за извршување на работните активности по објавениот конкурс. Таа вели дека работите се повеќе од очигледни и како единствена причина според неа е фактот што нема партиска книшка на владеачката партија. Велкоска се чуди како лицето Сашо Домазетоски, добро познат на струшката и целокупната македонска јавност има право да одлучува и како самиот од морални пред се причини не е свесен каде го става својот потпис.
Меѓу партиските обвинувања на струшките социјал демократи, се најде и непочитувањето на законот за пензионирање. Како пример за тоа бил директорот на една од здравствените установи во Струга, кој пред повеќе од еден месец го имал исполнето правото за заминување во пензија, но истиот без срам и понатаму удобно седел на директорската фотеља.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top