Југот ги донесе јагулите, но и рибократците

Во ноќните часови, на неколку локацци на кејот од Дрим,со помош на таканаречените канџи, бесправно се лови јагулата.

 |  Крсте Голабовски  | 
kandza
Канџа

Гнасен и нехуман чин на рибократците. Овој пат на мета е јагулата. Веќе три дена како таа во Струга се лови на несоодветен начин и тоа на неколку локации по течението на реката Дрим. Силниот јужен ветер кој три дена дува и предизвика силен бран во езерото, беше причината дел од оваа риба да тргне во потрага по храна, а дел на своето свадбено патување во Сарагасово море. Претседателот на СРК „Св Апостол Петар“ Радован Димитриевски, вели дека станува збор за гнасен и нехуман чин, кој се повторува секоја година и кој мора да се спречи.

„Голем дел од јагулата влезе во Црниот дрим и тука риболовците кои се всушност рибократци ја пречекаа и немилосрдно ја уништуваат три дена и тоа само во ноќните часови со канџи,“ вели Димитриевски и додава дека станува збор за кривично дело кој секој граѓанин да го пријави, а никако да дозволиме да се случува ова пред очите на полицијата“.

StrugaДимитриески додаде дека јагулата во никој случај не смее да се лови на овој начин. Инаку Охридското Езеро вештачки се порибува со јагула, откако со изградбата на хидроцентралите “Глобочица” и “Шпилје” на реката Црн Дрим и на уште неколку хидроцентрали на Дрим во Албанија, прекинат е природниот пат на обнова на овој вид. Но сега, јагулата се размножува и по вештачки пат, на тој начин што Електростопанство на Македонија е задолжено да набавува одреден број млади јагули од европските земји. Порибувањето се прави традиционално години наназад, има за цел да го обнови и зачува овој вид на риба, кој исто како и охридската пастрмка е загрозен. Претседателот на СРК „Св Апостол Петар“ потенцира дека државата е одговорна за рибниот фонд на езерото и за се она што бесправно се случува деновиве.

„Во овој момент, на овој дел нема концесионер. Рибниот фонд е должна да го штит државата и нејзините институции, како СВР и Министерството за земјоделство“, вели Радован Димитриевски.

 Охридската јагула живее во слатките води на езерото, а полово созрева и се размножува во Сарагасово Море. И покрај големите откритија и сознанија научниците не се уверени дека успеале да откријат многу тајни на оваа значајна природна појава. Досега никој не го видел нејзиниот природен мрест во Саргаското Море каде се мрести на длабочина од 400 до 1000 метри . Димитриевски вели дека голема е надежта дека со проектот „Дримски басен“ ќе се спречи и појавата дел од подмладокот на оваа риба да завршува во турбините на хидроелектраните. Потенцира дека не смее да дозволиме, Охридското езеро во целост да прерасне во акумулација, без претходно да се води грижа за неговата флора и фауна.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top