Струга, еден од највоспеаните градови во светската литература во Македонија, е прагот низ кој поминале илјадници поети, кои на илјадници јазици ги испеале своите поеми. Со музичката изведба на антологиската поема Т’га за југ, од страна на тенорот Благој Нацески и палењето на фестивалскиот оган, синоќа беше означен почетокот на 50-то јубилејно издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата.
На свеченото отворање на манифестацијата кои се случи на Мостот на поезијата, беа прочитани и стихови од досегашни добитници на Златниот венец на поезијата како и од годинешниот добитник, Матеја Матевски. Во таканаречената Ноќ без интерпункција, која следуваше, беше претставен јапонскиот поет Хироши Танучи, добитник на наградата на УНЕСКО за најдобра дебитантска книга. На отворањето на фестивалот беа присутни Претседателот на РМ, Ѓорѓе Иванов, градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, пратеници и министри, голем број поети и граѓани на Струга. Инаку, на само неколку часа пред почетокот на фестивалот беше отворена реставрираната Спомен-куќа на браќата Миладиновци. Министерката за култура, Елизабета канческа- Милеска истакна дека Димитрија и Константин Миладинов со своето богато извонредно творештво што и го оставија во наследство на Струга и на Република Македонија, гласно ги истакнаа начелата и важноста на националната борба за самобитност, ги презентираа посебностите на македонскиот народ, неговата култура, традиција и историја.
„ После децении напуштеност, спомен домот на браќата Миладиновци објект препознатлив по автентичната староградска архитектура конечно го доби својот вистински лик. Ја обновивме внатрешноста кја е со богат ентериер и резба, со максимално запазување на сите значајни архитектонски карактеристики на објектот. Во просториите на спомен домот изложивме и конзервирани, реставрирани музеолошки обработени делови на репрезентативен мозаик од ранохристијанската базилика од селото Октиси кои десетина паноа ја дополнуваат сликата за автеничноста на овој локалитет“, вели Министерката.
Објектот е лоциран во Струшката чаршија и е реставриран во целост со средства од Министерството за култура. Истиот се протега на 470 метри квадратни, а во него во целост е сменета дрвенаријата, притоа водејќи сметка за зачувување на првобитниот ентериер. Просторот е облагороден со рачно изработен мебел во стил од втората половина на 19 век, но и со автентичниот мебел, експонати од семејната куќа на Миладиновци и оригинални документи и факсимили. Во спомен куќата ќе има постојана поставка за животот и делото на Димитар и Константин, а истата ќе служи и како канцеларијата на фестивалот Струшки вечери на поезијата. Во објектот е изложен и оригинален мозаик од ранохристијанска базилика пронајдена во струшкото село Октиси.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град