О.У. „Јосип Броз Тито“, доби нафта за греење

О.У. „Јосип Броз Тито“, доби нафта за греење. Од денес наставата се одржува во загреани училници. Сепак од школото напоменуваат дека мора да се води економија бидејќи станува збор за 8 тони нафта, количина која доколку се грее нормално во зимската сезона е доволна за два месеци.

 |  Николоска Биљана  | 
ucenici josip broz tito
ученици јосип броз тито

ucenici josip broz titoО.У. „Јосип Броз Тито“, доби нафта за греење. Од денес наставата се одржува во загреани училници. Сепак од школото напоменуваат дека мора да се води економија бидејќи станува збор за 8 тони нафта, количина која доколку се грее нормално во зимската сезона е доволна за два месеци.

Се врати детскиот џагор во О. У. Јосип Броз Тито Струга. Во текот на вчерашниот ден пристигна нафта за греење. После два дена без настава, учениците повторно седнаа во училишните клупи. Децата велат дека денес веќе се чуствува топлина во училниците и за прв пат после долго време ги соблекле јакните за време на часовите.

ucenici josip broz tito„ Не се многу топли бидејќи два дена не бевме на училиште, очекуваме дека ќе се стоплат. Да, ние сакаме да доаѓаме на училиште и да имаме нормални услови за настава. Тука е топло и ние сме среќни што повторно дојдовме во училиште и ги имаме потребните услови како порано“.

Добро е што струшката Локална Самоуправа покажа интерес барем времено да го реши горливиот проблем околу снабдување на училиштето со нафта, вели Зоран Блажески, помошник директор на училиштето.

„Од денес училиштето започна со редовна настава бидејќи вчера добивме околу 8 тона нафта, а за колку време ќе видиме тоа зависи најповеќе од временските услови. Инаке планираме да штедиме да може што повеќе и во подобри услови зимава да одржуваме настава“.

Двата изгубени наставни денови, учениците од О.У. „Јосип броз Тито“, по се изгледа ќе треба дополнително да ги одработат.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top