Јас работам со срце

„Јас работам со срце“ е мотото под кое од Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид ќе го одбележат Светскиот ден на срцето.

 |  Крсте Голабовски  | 
Den na srceto
ден на срцето

Den na srcetoПреземете ја контролата врз вашето здравје. Годинешната кампања со која ќе биде одбележан Светскиот ден на срцето ќе биде под слоганот „Јас работам со срце“. Слоганот произлегува од насоката на годинешната кампања, која е насочена кон промена на условите за работа и начинот на однесување на секој поединец на своето работно место, кој може да придонесе во намалувањето на кардиоваскуларните заболувања и мозочниот удар. Д-р Коњаноска Гордана, специјалист по медицинска рехабилитација од Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид, истакна дека потребно е да заговараме работни места кои обезбедуваат.

Секоја година во светот, од болестите на срцето и крвните садови на мозокот умираат 17,2 милиони луѓе. Во Европа околу 50% од сите смртни случаи, се предизвикани од овие заболувања. Се повеќе заболуваат лица под 65 години возраст, односно лица во најпродуктивниот период од животот. Од вкупниот број смртни случаи во земјава, нешто помалку од 60% се предизвикани од срцеви или мозочни удари. Главни виновници за оваа ситуација, покрај факторите на кои не можеме да влијаеме, какви што се стареењето на населението и генетскиот односно наследниот фактор, се и ризиците кои произлегуваат од таканаречениот „современ” начин на живот, како што се стресот, неправилната исхрана, недостатокот од физичка активност и пушењето. Доктор Коњаноска потенцира дека националната стратегија за борба против кардиоваскуларните заболувања, мора да биде менлива метрија, потомогната со инволвираност на сите релевантни фактори кои можат да помогнат во борбата со овие пболести.

По повод Светскиот ден на срцето, на 26 септември, во недела, медицински лица од Заводот за кардиоваскуларни заболувања Охрид на Градскиот плоштад “Климент Охридски” од Охрид во периодот од 10.00 -15.00 часот, ќе вршат консултативни и ЕКГ прегледи, мерење на крвен притисок и мониторинг на работата на срцето.Светскиот ден на срцето е востановен со цел да се зголеми  јавното знаење за ризиците и да се унапредат мерките за превенција.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top