Во Струга сеуште има објекти кои не се приклучени на канализационата мрежа.
Со гумени чизми до канцалариите на државниот инспекторат. Тежок е пристапот до подрачните единици на Министерството за Образование, Министерството за Труд и социјална политика и неколкуте инспекциски служби во Струга. Причина, јамата која прелива и од каде се шири неподнослива реа, пред самиот влез на спомнатите институции. Проблемот е стар колку што е и стар и објектот, бидејќи оваа зграда не е приклучена во канализациониот систем. Водата од шахтата која прелива, ја има постојано и веќе си има оформено и свој басен, па уште малку треба да постане мала баричка. Но проблемот дополнително доаѓа до израз кога времето е врнежливо, па така страда и улицата која води до ОУ „Браќа Миладиновци“ која е поплавена и непостои можност низ неа да се помине.
Од луѓето кои работат во канцелариите во зградата, слушнавме дека со проблемот ги запознале сите релевантни министерства, но никој од нив не се охрабри тоа да го каже пред нашата камера, со изговор дека тие не се надлежни за проблемот кој им е пред самиот нос. Исто така кажаа дека нивните буџети се тенки и не би можеле да го платат зафатот за приклучок кон канализационата мрежа.
Од МЈП „Проаква“, Струга уште пред три години им доставиле предмет решение на адреса на неколкуте институции кои функционираат тука, но безуспешно. Директорот Ваит Ајро вели, ние сеуште даваме можност, но инвестицијата мора некој да ја плати.
„Во моментов состојбата е таква и не е добра. Сигурно во ова време таквите објекти да се под јама или под отворени шахти, секогаш таму се случувале инциденти, така да исто така и за амбиентот и за просторот е многу лошо меѓутоа стоиме на тоа да го решиме случајот, доволно е само нивното да за да ги отпочниме работите бидејќи ние неможеме во туѓо туку така да упаднеме“.
За приказната дополнително да се искомплицира, објектот кој не е приклучен на канализационен систем и пред чиј влез се наоѓа шахтата, наводно е под заштита на Завод и Музеј, Охрид. Потврда за тоа не успеавме да добиеме од директорката на заводот, Тања Паскали Бунташеска, бидејќи таа е на службен пат во странство.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град