Заврши акцијата за вадење на неексплодирани убојни средства од Охридското езеро.
Во акцијата за деминирање на дното на Охридското Езеро која заврши денес извадени се околу 7 тони оружје или 3.500 неексплодирани убојни средства.Од нив 2850 се со голем,а останатите со помал калибар.
„Убојните средства потекнуваат од Балканските,од Првата и Втората светска војна, истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу.
Тој додаде „Извадивме се што пронајдовме, но вакви акции ќе има и понатаму. Во иднина езерото ќе го чистиме во поголема длабочина и тоа кај местата Калишта, Радожда Пештани и кај плажата “Кадмо”,изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу.
Акцијата како успешна ја отцена и пиротехничарот од Дирекцијата за заштита и спасување, Љупчо Зајков. Тој вели беше многу напорно, но успеавме истата да ја спроведеме како што зацртавме на почетокот.
Извадените неексплодирани убојни средства во недела ќе бидат однесени на Криволак каде точно на пладне ќе бидат уништени.
Инаку акцијата за подводно чистење на езерото од неексплодирани убојни средства ја организира Дирекцијата за заштита и спасување со поддршка од Меѓународниот фонд за деминирање и Владата на САД.
{loadposition content}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град