Се` од почеток. Застапникот на обвинението Никола Неделкоски, предложи измена на обвинителниот акт, кој се води против засега единствено обвинетите за случајот „Пливалиште“ Струга, Вранишкоски Цвете, Миладиноски Климе и Јанески Гоце. Според измените, Неделкоски побара секој за себе да одговара пред законот за стореното кривично дело. За Ставре Џиков, бранителот на обвинетиот Цвете Вранишкоски, оваа измена е важна околност посебно за бранителите, бидејќи тое е прецизирање на обвинението и сега обвинетите нема да се теретат како соучесници, туку секој ќе сноси поединеча кривична одговорност.
Замерка на Неделкоски, застапникот на обвинението, му даде Димитрија Цобоски, бранителот на Гоце Јанески тврдејќи дека не постапува согласно законот. Според него постапката треба да почне одново.
Цобоски смета дека одбраната ќе побара реконструкција, но не гледа работен терен за тоа бидејќи сите доказни материјали вклучувајќи ја тука и металната конструкција која е предмет на обвинението и која немала заземјување се отстранети од кобното место. Тој смета дека ќе има проширување на обвинението од аспект на одговорност на високите институции.
Судскиот процес за случајот „Пливалиште“, каде на 11 септември 2010 година од струен удар настрадаа тројцата другари Јосиф Докоски, Кире Ѓоргоноски и Јонче Кувенџиески, закажан е за 06 ти март годинава. Како што е познато, Апелациониот суд во Битола по жалба на бранителите на обвинетите сопственици на шанкот, каде што се случи несреќата, ја укина првичната пресуда и предметот го врати од почеток во струшкиот Основен суд, во рацете на судијата Живко Аврамоски. Со првичната пресуда тројцата обвинети се теретеа за предизвикување тешки дела против општата безбедност на луѓето. Цвете Вранишкоски доби казна од четири години затвор, Гоце Јанески три години и четири месеци затвор, а Климе Миладиновски три години.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град