Изградбата на ски центар на Јабланица ќе ја збогати понудата и ќе овозможи развој на туризмот во текот на целата година. Наспроти реакциите на екологистите и активистите, кои се против ваков проект и бараат заштита на планината, струшкиот градоначалник смета дека треба да се изградат скијачки патеки, но не и хотелски капацитети, со тоа нема да се девастира природата.
Изградбата на мега проектот – современ ски центар на Јабланица е клучен за развојот на туризмот во охридско–струшкиот регион, сметаат туристичките работници. Ски центарот ќе ја збогати понудата и ќе овозможи развој на туризам во текот на целата година, а не само во летниот период.
Спроти реакциите на екологистите и активистите, кои се против ваков проект и бараат заштита на планината, градоначалникот Мерко смета дека треба да се изградат скијачки патеки, но не и хотелски капацитети. Туристите ќе ги користат бројните хотели вдолж брегот на Охридското езеро.
Воопшто нема да оштети ни природа, ниту ќе загадува, можда и најмалку ќе има градби затоа што жичарата ќе биде некаде под Подгорци. Истите тие луѓе кои што ке ги користат скијачките терени ќе ги користат туристичките капацитети на Струга и Охрид – вели Рамиз Мерко градоначалник на општина Струга.
Предвидени се скијачки патеки во должина од 85 километри и 21 километар скијачки лифтови на потегот над селата Подгорци и Лабуништа, од 1600 до 2200 метри надморска височина. Студијата покажала дека теренот е идеален и има снег од декември до мај.
Вредноста на тој проект изнесува 320 милиони евра ќе бидат вработени некаде околу 2200 работници што за нас тоа значи живот. Јас смислам дека ќе направиме бум на економскиот развој на Струга, но и на околните градови – додава Мерко.
На Јабланица во минатото имало импровизирани скијачки терени над селата Вишни и Горна Белица. Агенцијата за промоција и странски инвестиции неодамна го презентираше проектот за изградба на ски центар на Јабланица, а во него е предвидена и изградба на 10 хотели. На проектот, реагираа активистите кои што бараат планината што поскоро да биде прогласена за заштитено подрачје и Национален парк.
Новинар : Соња Рилковска
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град