Денес прес конференции одржаа ЛДП и ВМРО-ДПМНЕ а ПОДЕМ од Струга реагира на уништувањето на нивните билборди и плакати.
Либералдемократската партија продолжува со претставување на нивната платформа. Тема на денешната пресс конференција, приватизацијата на Општествениот капитал, која според, кандидатот за пратеник на оваа паррија Андреј Жерновски, во последниве 15 години ја одликуваат два атрибути, нејзиното нетранспарентно и криминално спореведување. Жерновски додаде дека и покрај убедувањата од страна и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ дека ништо веќе не останало од општествениот капитал, сепак нивните анализи велат нешто сосема друго, а ЛДП има решение слично на она кое го понудија во 1997-та година.
Отчет за досега сработеното но и најава за понатамошните пролитички промотивни активности на ВМРО-ДПМНЕ до крајот на кампањата. Покрај информациите за ревитализацијата на најголемиот охридски загубар ЕМО, Николоски говореше и за понатамошното растеретување на даночните издатоци за микро претпијатијата, односно ослободување од данок на претпријатијата кои остваруваат Годишен Приход помал од 3 милиони денари. Имено, станува збор за поголема акумулација на нивните инвестиции и подобра работа во иднина. На денешната прес конференција на оваа партија, кандидатот за пратеник Александар Николовски одговораше и на новинарски прашања. Еве што Охридскиот кандидат за пратеник, одоговори на прашањто за поставувањето на Благоја Петкоски, од страна на министерката за култура да помага во организацијата и реализацијата на програмата на 51-то издание на фестивалот „Охридско лето“: „Важен е квалитетот на личноста а не неговото потекло“.
Подем од Струга остро регира се уништуваат нивните билборди и плакати, за кои велат сами ги плаќат од сопствен џеб. Со тоа се спречени да допрат до стружани. За прекршување на Кодексот за фер и демократски избори известени се полицијата и ОБСЕ. Засега само претпоставуваат кој стои зад ова и бараат полицијата да ги открие сторителите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град