Избегнат меѓуграѓански инцидент во Струга

Група револтирани стружани го препречија одржувањето на граѓанската дебата за „Европска Македонија“.

 |  Билјана Колоска  | 
logo
логo

Група револтирани стружани го препречија одржувањето на граѓанската дебата за „Европска Македонија“.

Синоќа во Струга избегнат инцидент на трибината која требаше да се одржи во центарот за култура. Граѓанската дебата за „Европска Македонија“   беше одложена уште пред да почне. Вака беа пречекани организаторите на истата.
Организирано група од 20-тина граѓани упаднаа во Домот на Култура каде требаше да се одржи трибината и бараа од организаторите да се одложи истата, со образложение дека тие  не се пожелни во Струга.

Револтираните граѓани упатија критики до организаторите на оваа трибина, оти нивните предавања во  моментов се најмалку важни. Наместо да прашате дали е решен проблемот со средношколците во „Нико Нестро“ вие ќе ни предавате лекции како Македонија да влезе во Европска унија. Ова беше дел од критиките со кои  граѓаните ги нападнаа организаторите.

tribina Тие пак, со цел да не настане инцидент, се обидоа преку микрофон да информираат дека трибината е одложена,  но не им беше дозволено да земат збор.  Микрофонот на кој новинарот Бранко Геровски сакаше да се обрати, беше фрлен на под. Организаторите на дебатата „ Европска Македонија“ непријатно се изненадија од односот на стружани.

„Јас го доживеав тоа како фашистички напад. Носевме многу мирољубиви пораки на оваа трибина и супер шпоминавме во другите градови, незнам зошто наидовме на ваков однос“-вели Никола Гелевски од здружение на граѓани „Европкска Македонија“.

Тој  се сомнева дека попречувањето на дебатата било претходно договорено и организирано.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top