Кандидатот за Градоначалник на Струга од редовите на опозицијата, Идри Истрефи, синоќа пред стружани рече дека на 17-ти октомври изборот за нив е јасен – или Струга или двојката Рамиз Мерко и Арменд Кадриу. Кандидатот на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Истрефи, рече дека на овие локални избори ќе си заминат оние кои во Струга граделе каде што сакале, демолирале колку што сакале и ја користеле општината за свадби и забави.
Коалицијата Алијанса за албанците и Алтернатива во рамки на предизборните активности синоќа во Струга одржа митинг на кој беа претставени делови од програмата. Кандидатот на албанската опозиција за Градоначалник, Идри Истрефи во своето обраќање рече дека изборите на 17-ти октомври се битка помеѓу доброто и злото. Порача дека Струга не е и не може да биде сопственост на никого.
Струга не е и не може да биде сопственост на никого. Струга му припаѓа само на стружани и на Господ. Јасно го научија ова тие што мислеа дека Струга е наследена од вујко или дедо. Оние што градеа каде што сакаа, демолираа колку што сакаа, ја користеа општината за свадби и забави и во никој случај во служба на граѓанинот. Оние што купуваат куќи и имоти со наши пари и нас ни го оставија заминувањето како најдобра опција. Но, сега нема веќе, тие ќе си заминат – изјави Идри Истрефи.
Овие избори не сме ние и тие, туку овие избори се избор меѓу Струга или двојката Рамиз Мерко, Арменд Кадриу, кажа Истрефи и додаде дека Струга никој не може да ја победи затоа што Струга се сите граѓани. Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во својот говор кажа дека нема да има веќе Албанци кои живеат тука, а да немаат државјанство. Села рече дека противниците од друга страна доаѓаат со ветување пред една година, кое не го исполниле.
Тие доаѓаат и ја заборавија секоја традиција и образование кои не радуваат како народ. Тие не тропнаат како луѓе и хумано за да побараат глас, но не го прават ова затоа што не оставиле образ. Но, тие доаѓаат со уцени и ако дојдат вака, покажете им го местото, доаѓаат со закани, а ние не прифаќаме закани, доаѓаат и треба да ве исплашат, а стружанот не се плаше и на 17-ти октомври ќе ви го покаже местото – рече Села.
Села пред присутните кажа дека на локалните избори кандидатот за градоначалник на Струга од неговата коалиција, Идри Истрефи, ќе победи уште во прв круг и ќе ги испратат ДУИ и актуелниот градоначалник, Рамиз Мерко во опозиција.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град