Се ниша ли фотељата на претседателот на Советот на општина Струга? ОК на ВМРО – ДПМНЕ ќе ја преиспитува подршката што му ја дале на претседавачот на струшкиот совет, посебно поради неговиот однос на последната седница, кога дозволил, спротивно на деловникот за работа, седницата да биде прекината на сред поединечно гласање.
Струшките вмровци ќе ја преиспитуваат поддршката што му ја дале на актуелниот претседател на Советот на општина Струга,Џеваир Беќири. Претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Струга, Перо Петкоски во име на својата партија изјави оти го осудуваат според нив недоличното однесување на институцијата, Претседавач на совет кој на последната седница каде се водеше жестока битка за одлуката за покачувањето на цената на водата, дозволи седницата да биде прекината на сред поединечно гласање.
„При последното гласање за одлуката за покачување на цената на водата каде Претседателот на Советот наместо да го заштити угледот на Советот и советниците и неговиот личен углед како професор, а пред се како човек, се стави во функција на градоначалникот кој со сила сакаше да ја помине предлог одлуката за покачување на цената на водата кршејќи го деловникот за работа на Советот“-вели Петкоски.
Координаторот на партијата Јулијана Зуноска, рече дека ова не е прв пат, кога на седниците на советот во Струга се разговара за суштински точки, да се случува драма.
„Имаше притисоци, беа извлекувани советници надвор да се убедуваат да гласаат да помине точката за поскапување на цената на водата, а познато е дека стружани речиси плаќаат најскапа вода во Македонија“-изјави Зуноска.
И Момчило Аврамоски советникот на ВМРО – ДПМНЕ , рече дека ваквите случувања во струшкиот совет не се ништо ново. Тој уште еднаш се наврати на проблемот со цената на водата кој предизвика жолчна расправија на последната седница на совет. Аврамоски смета дека не е во прашање само цената на водата туку работењето на јавното претпријатие во целост.
„Проаква е ЈП на општината која има најдобри услови за работење, има објект покрај дримот, најново направен решен во секоја смисла, а тие изнајмуваат простор во друг објект и дават општински пари наши од сите, второ ние единствено бевме против продавање на објект кој се продаде со тие пари нашите стручњаци архитекти и градежни инжењери велат дека неможе да се направи ни половина објект а камо ли да се направи нов објект и да се купи место и да се решат сите проблеми“-изјави Аврамоски.
Оваа реакција на ОК на ВМРО – ДПМНЕ доаѓа два дена после 44 та седница на струшкиот совет. Во која насока ќе се движат работите најверојатно ќе дознаеме веќе следната недела, бидејќи струшките вмровци викендов ќе одржат уште еден состанок за координирање на следните чекори во врска со поднесување интерпелација на претседателот на Советот.
{loadposition cintent9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град