Иницијатива за вракање на Аџовата чешма во Струга

Стружани покренаа иницијатива за обновување на Аџовата чешма. Некогаш оваа чешма постоела на почетокот на Струшката чаршија на главната раскрсница, точно на аголот каде што денес се наоѓа дуќанчето за изработка на клучеви на фамилијата Чурковци.

 |  Николоска Биљана  | 
struga
струга

stara strugaСтружани покренаа иницијатива за обновување на Аџовата чешма. Некогаш оваа чешма постоела на почетокот на Струшката чаршија на главната раскрсница, точно на аголот каде што денес се наоѓа дуќанчето за изработка на клучеви на фамилијата Чурковци.

Некогаш во Струга постоела Аџовата чешма. Денес ја нема. Но постојат сведоци кои се сеќаваат на неа, кога како деца тука се собирале да ја згаснат жедта, а и да погледнат некоја убава стружанка која од тука полни вода. Еден од нив е Абаз Цаноски, кој своите сеќавања за Аџовата чешма за да не ги заборави, ги ставил на хартија.

„Што да кажам јас како дете мало знаев дека само е чешмата меѓутоа подоцна дознав дека таа чешма е Аџова и дека ја направила некоја видна фамаилија ос Струга, под наводници дека Аџовци им е прекар.  Меѓутоа за жал кога дојде патот да се вклучи од Дебар за Охрид и таа чешма ја снема. Но по мое тие работи не требаше да се поништуваат туку да се запазат“-вели Цаноски.

struga segaЦаноски кажува дека Аџовата чешма до ден денес за него е непресушен извор на инспирација. Тој искрено жали што во Струга многу малку останало од автентичното и смета дека релевантните институции треба да поведат малку повеќе грижа околу тоа.

„Чешмата претставуваше еден собир на долниот дел на градот, луѓето го префрлаа чаршискиот мост и одеа на таа чешма да наполнат вода. Затоа се и неколку песни со тие стомни шарени момите што оделе на таа Аџова чешма “-раскажува Цаноски.

Струшката Локална самоуправа ја прифати иницијатива на група граѓани од Струга да се обнови Аџовата чешма во автентичен стил. И претседателот на струшкиот совет Џеваир Беќири истакна дека – „Некогашната градска чешма што меѓу стружани била позната како Аџова чешма потребно е да се изгради односно обнови како што била во тоа време“. Малку остана од она што некогаш беше Струга, преостанува и тоа малку да го зачуваме.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top