Иконите од Струшкиот регион ќе се чуваат во галерија

Прострот е веќе оспособен за таа намена. На местото на иконите кои ќе бидат донесени во галеријата, во црквите ќе се постават нивни копии.

 |  Колоска Билјана  | 
dekret
декрет

Прострот е веќе оспособен за таа намена. На местото на иконите кои ќе бидат донесени во галеријата, во црквите ќе се постават нивни копии.
galerijaИконите од струшките цркви ќе се безбедни  во галерија. Просторијата кај црквата Св. Ѓорѓија во центарот на Струга е оспособена за оваа намена. Мора да бараме било каков начин да ги заштитиме останатите вредни икони од црквите на струшкото поднебје, велат стручните лица. Интериерот на галеријата е при крај, во моментов се работи на засилување на безбедноста на просторијата, како физички, така и технички, велат надлежните.

„Тука ќе можат да се поставуваат одреен број на икони. Дел од нив ќе бидат сместени во депо каде ќе бидат третирани соодветно“-вели Сашо Цветкоски, директор на струшкиот музеј „Никола Незлобински“.

Сеуште не е надминат проблемот со црковните одбори. И покрај заедничките средби сепак има такви кои го одбиваат предлогот вредните икони  да се носат во галеријата. И за тоа имаме решение, потенцира Цветкоски. Местото на иконите од иконостасот нема да остане празно, додава тој. Собираме искуства од соседните градови како се справуваат со овој проблем и убедени сме дека тоа и ние ќе го примениме, вели Цветкоски.

Во галеријата моментално се донесени неколку икони од цркви кои неможат физички да бидат обезбедени, односно места каде  речиси и да нема жители. Другите црковни објекти ќе бидат обезбедувани со камери за снимање. Ова го предвидува стратегијата изготвена од инволвираните институции, за поголема безбедност на црквите. Цветкоски верува дека истата ќе биде спроведена во целост.

„Од Битола зедовме пример, тие од оригиналните икони имаат направено копии, професионално изготвени и оригинални како вистинските“-истакна директорот на „Никола Незлобински“.
Стратегијата ќе им биде презентирана на сите црковни одбори.
Инаку, досега нема никакви сознанија ниту пак информации за сторилелите на кривичното дело кражба на иконите од многубројните цркви во струшкиот регион.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top