Според податоците на Светската здравствена организација, приближно 500 милиони луѓе се заразени со хепатитис ц или хепатитис б, оваа бројка е за околу 15 пати поголема од бројот на заразени со ХИВ/СИДА.
„Некаде околу милион луѓе починуваат секоја година од заразната жолтица. Македонија не го одминува тоа. Како што го следиме трендот во сите области, така го следиме и во заразната жолтица. Некаде 1,5 до 2 % од популацијата во Македонија според пресметките на Светската алијанса е инфицирана со вирусот на заразната жолтица, тип Б и Ц.“-вели инфектологот Д-р Розалинда Исијаноска.
Само од тип Ц според официјалните резултати некаде околу двајца на секои 100.000 жители во Македонија се инфицирани, но тоа е бројка која постојано расте. Овогодинешната акција за одбележување на денот за борба против хепатитисот е само продолжение на претходните акции кои со успех беа спроведени. Една од кампањите беше и кампањата под мотото „Дали сум јас бројот 12“, чие мото асоцира на статистиката која вели дека секое дванаесетто лице е заразено со вирусот на Б или Ц хепатитисот. Алармантна и шокирачка е констатацијата дека најголемиот број од пациентите кои се лечат на дијализа, се заразиле со вирусот на хепатитисот. Застрашувачки е и фактот дека хепатитисот е 50 до 100 пати позаразен од вирусот на СИДАТА.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град