Пред граѓаните беше промовиран документарниот филм „Собирај, селектирај и рециклирај-научи за ПЕТ во општина Охрид“.
Пред граѓаните беше промовиран документарниот филм „Собирај, селектирај и рециклирај-научи за ПЕТ во општина Охрид“.
Охриѓани полека се одвикнуваат да фрлаат пластични отпадоци кај што ќе стигнат. Проектот за рециклирање на ПЕТ амбалажата, во овој град е воведен пред половина година. Охрид е меѓу првите градови во државата каде е воведен овој начин на селектирање отпад. Во градот се поставени контејнери и кеси специјално наменети за фрлање пластичен отпад. Проект позитивно се одразува врз заштита на животната средина и ја подигна свеста кај граѓаните, сметаат еколозите.
Марија Младеноска од еколошко друштво “Јагода“„ вели дека луѓето покажуваат расположение да се придржуваат на правилата при рециклирање на пластичниот.
За уште поголемо подигање на јавната свест кај охриѓани, се промовира документарниот филм „Собирај, селектирај и рециклирај-научи за ПЕТ во општина Охрид“. Документарениот филм е во режија на Маја Младеновска, а во него се прикажаува проблематиката со собирањето и рециклирањето на пластиката.
„Документарецот ги содржи сите активности при рециклирање на пластиката, што се превземаат во општина Охрид во овој период. Во проектот свој допринос имаат; Локалната самоуправа, Комуналец од Охрид, Еколошкото друштво Јагода како и USAID“-истакна Марија Младеноска.
Во проектот посебно значење им се дава на најмладите, кои што масовно беа вклучени децата од охридските основни училишта. Најважно е еколошката свест да се стекне од најмали нозе, вели Младеноска. За таа цел наскоро на децата ќе им се делат брошури за тоа што значи загадувањето на животната средината средина со пластичен отпад и на кој начин треба да се селектира отпадот. Еколозите очекуваат уште поголеми позитивни ефекти од воведувањето на рециклирање на пластичкиот отпад.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град