Советот на општина Струга за утре, 13 март ја свика 12- есетта седница.
Предложени се 16 точки на дневен ред по кои е предвидено да работи Советот. Струшките советници ќе треба да се произнесат по предлог – одлуката за утврдување на работното време на занаетчиските дејности во Струга.
Исто така ќе расправаат по точките за разрешување и именување на нови членови на управните одбори на ОУ во Делогожда и за ЈП Комунално Струга, а на дневен ред се најдоа и кварталните извештаи за работата на Јавните Претпријатија, Проаква, Хигиена од Лабуништа и ЈП „Октиси“ од Октиси.
Утре советниците ќе треба да одлучуваат и за изградба на пешачка патека која треба да го поврзе селото Ташмаруништа со Струга. Исто така на утрешната седница има и два извештаи за реализација на програми од 2013 година, односно програмата за работата на Советот за 2013, и програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението на општина Струга од заразни болести, дезинсекција и дератизација.
Советниците се очекува да го усвојат и годишниот извештај за работата на општинскиот инспекторат за 2013 како и завршната сметка на општина Струга за 2013.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град