Во соседна Струга интензивно во две смени се работи на двата кружни тека и шеталиштето на кејот „Борис Кидриќ“ од едната страна на реката Црн Дрим. Локалната власт тоа го прави од сопствени средства и за сите три проекти ќе потроши околу 30 милиони денари.
На Струга и се случува вистинска градежна експанзија. На секој агол од општината се гради, доградува реновира, модернизира. Во моментов Локалната власт ги привршува работите околу кружниот тек на влезот во градот на некогаш најкритичната раскрсница, која беше магнет за сообраќајни незгоди, спојот на магистралниот пат со регионалниот пат Струга – Дебар, а интензивно се работи и на шеталиштето и кружниот тек во негова близина
„Сите проекти се финансираат со одвоени, предвидени, средства зацртани со програмата на општина Струга. Што се однесува до финансиската конструкција, постапката се одвиваше електронски согласно Законот за јавни набавки и некаде тендерот за кружниот тек кај магистралниот пат и кружниот тек кај плоштад овие проекти опш-тината ја чинат околу 14 милиони денари кејот, односно шеталиштето „Борис Кидриќ“ кошта толкава сума“ – вели Хани.
Хани признава дека градежните зафати околу капиталните проекти отпочнале со мало доцнење поради приликите на терен, но ветува дека туриститите кои ја посетуват Струга ќе прошетаат по новото шеталиште а гужвата која се правеше на влезот во Струга ќе замине во историјата.
„Интензивно неколку екипи работат во две смени за да може објектите да се пуштат во употреба пред летната туристичка сезоната, тоа е наша обврска имавме задоцнување со почетокот на работите и мал застој од аспект на тоа што сакавме сите ЈП да ги завршат своите работи околу поставување на подземната инсталација и тука се случи мал застој посебно на кејот но убеден сум дека навреме ќе завршиме со започнатите проекти“ – појаснува Хани.
Раководителот на урбанизам најави и други капитални проекти кои чекаат на реализација, а се од општ интерес на градот како што се уредувањето на паркинизите, пешачките патеки, велосипедската патека, детските игралишта мостот на љубовта и други.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град