Големи успеси, а со малку пари

Едриличарите од Струга продолжуваат со своите успеси. Од Меѓународната едриличарска регата „Софија Пролет 2010“ се варатија со завидни резултати и освоено прво место во класата  „Ласер 4,7“.

 |  Крсте Голабовски  | 
edrilica
едрилица

edriliciЕдриличарите од Струга продолжуваат со своите успеси. Од Меѓународната едриличарска регата „Софија Пролет 2010“ се варатија со завидни резултати и освоено прво место во класата  „Ласер 4,7“.

И покрај успешното функционирање на клубот и трудот кој секојдневно го вложуваат и членовите и раководството, финансиите остануваат нивен најголем проблем.

Љушо Ердал, своите први чекори кон едриличарскиот спорт ги започнал пред 10 години во Е.К. Снегар од Струга. Целата негова спортска кариера ја минал во во овој клуб и неговите најдобри резултати ги остварил токму како член на овој клуб. Последниве две години се натпреварува во класата ласер 4,7. На два пати од страна на Едриличарската федерација на Македонија е прогласен за најдобар едриличар. Од Меѓународната едриличарска регата „Софија Пролет 2010“ која неодамна се одржа во Бугарија, Љушо се врати со освоено прво место.

Освен Љушо, од оваа регата со освоено 2-ро место се врати Халил Јушкоски, во класата Оптимист, Кирил Мирчески со освоено 3-то место, во класата Ласер Радијал, Ардијан фејзулоски со освоено 3-то место во класата Оптимист и Иван Андреески со освоено 4-то место во класата ласер Стандард. Членот на претседателството на овој клуб, Љушо Фарук, е задоволен од постигнатите резултати на членовите, но во никој случај не е задоволен од третманот на овој спорт од страна на релевантните фактори во регионов.

Љушо информира дека следен предизвик за нив е „Опти вик“ регата во Турција. На неа ќе се борат во конкуренција со 30 земји учеснички. На овој голем настан претходи Мајската регата во Струга, за која Љушо вели дека ќе биде идејна и техничка подготовка за меѓународните регати кои се пред нив.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top