„Гола до пола“

„Гола до пола“ македонско хумористичката комедија, ќе се изведува денес во рамките на фестивалот инексово културно лето во Струга.

 |  Николовска Биљана  | 
akteri
актери

„Гола до пола“ македонско хумористичката комедија, ќе се изведува денес во рамките на фестивалот инексово културно лето во Струга.

Истата требаше да се изведе вчера, но заради лошите временски услови  беше одложена.

Националната бавча „Струшки кепенци“ вечерва ќе биде во знакот на изведба на урнебесната комедија „Гола до пола“. Татјана Огненовска маркетинг менаџерот на Хотел Дрим, очекува голема посетеност на оваа драмска изведба, бидејќи интересот за неа бил голем од страна на посетителите.
Ден пред избори на еден политичар е главната тема на изведбата велат артистите, кои не сакаа да ги откријат останатите детали како би имале посетителите што да видат и до солзи насмевнат.

akteriАктерот Сашо Ристовски се соочува со три улоги како политичар, слуга и градоначалник. Тоа за него воопшто не било тешко вели тој.

Како треба да изгледа жена на политичар ќе разберете од Мирјана Поповска Ристова која се јавува во улога на жена на политичарот.

„Улогата за мене е релаксација во вистинска смисла“, вели таа.

Музичко хумористичната комедија „Гола до пола“ е преработен текст на Џорџ фејдон „Ај не ми се шетај гола“ во македонска верзија. Изведбата добро е позната низ државава. Но фестивалот во Струга е добра прилика да не запознаат и надвор од нашите простори велат актерите, со оглед дека Струга е посетено туристичко место од домашни и странски гости.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top