Гол или статива?

Реакција на Спортскиот сојуз од Струга, во врска неодамнешниот прилог за условите кои ги нуди спортската сала во Струга.

 |  Крсте Голабовски  | 
sportska sala-struga
спортска сала-струга

Секој сака до постигнува голови во спортската сала во Струга, но кога треба да се обезбедат средства за нејзино одржување, тогаш – статива. Во врска со неодамнешниот прилог кој нашата телевизија го направи за условите во кои тренираат ракометарките во овој спортски објект, пристигна реакција од Спортскиот сојуз на Струга. Отаму се бранат дека не се единствените кои стопанисуваат со овој спортски објект, но се единствените кои се трудат да обезбедат средства за негово тековно одржување. Иако со спогодбата од 1994 година како корисници на овој спортски објект, покрај сегашниот Спортски сојуз, се јавуваат и останатите спортски организации корисници, како и сега веќе двете гимназии, за обезбедување средства за нејзино одржување, никој не се грижи, вели секретарот на СС Ѓорѓи Ќуркоски.

Ќуркоски потенцира дека оваа сала ја користат 4 спортски клубови од Струга и тоа два ракометни и два кошаркашки. Иако цената за користење на термините за овие клубови е намалена на ништожни 120 денари, некои од клубовите не ја имаат подмирено за цела година. Некои од спортските клубови не ги подмируваат ниту трошоците за струја и вода кои се обврзани да ги покријат, обвинува Ќуркоски. Покрај нив салата ја користат и учениците на двете струшки гимназии. Всушност тие и во најголема мерка го користат овој спортски објект, но воопшто не учествуваат во покривањето на трошоците за одржување на овој објект, иако како што потенцира Ќуркоски, добиле средства од Министерстото за образование за оваа намена.

Од Спортскиот сојуз се обратиле и до Агенцијата за млади и спорт, да помогне во одржувањето на овој спортски објект, но и отаму добиле негативен одговор. Имено кога конкуриле со проект со кој би им биле одобрени средства од буџетот за реализација на програми од јавен интерес за спортот, проектот не ни бил разгледан со објаснување дека за таа намена не се обезбедени средства. Спортската сала е изградена пред 30 години и е резултат на успесите на спортот и љубовта на стружани кон спортот. Кое би било идеалното решение на овој проблем?Дали грижата за неа повторно треба да се врати на општината или Спортскиот сојуз, или ќе стане лесен плен за бизнисмените, останува времето да покаже.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top