Фатени рибокрадци на Глобочица

Во текот на изминатата ноќ во период од 22.00часот до 02.00часот Рибочуварската служба на ЗСР Таш Ма 2011 при вршење контрола на потегот кај с.Глобочица во водите на Глобочичко езеро,благодарение на својата најнова опрема за ноќно снимање и при заедничка контрола на ЗСР Таш Ма 2011 и Овластени претставници од Државниот инспекторат за земјоделие затекнати се  недозволен риболовен алат во должина од 1850метри од кои 850метри беа рибарски мрежи за лов на клен,карас скобус и друга ситна риба, а 1000 метри  беа за лов на крап.

 |  Голабовски Крсте  | 
мрежи

мрежиВо текот на изминатата ноќ во период од 22.00часот до 02.00часот Рибочуварската служба на ЗСР Таш Ма 2011 при вршење контрола на потегот кај с.Глобочица во водите на Глобочичко езеро,благодарение на својата најнова опрема за ноќно снимање и при заедничка контрола на ЗСР Таш Ма 2011 и Овластени претставници од Државниот инспекторат за земјоделие затекнати се  недозволен риболовен алат во должина од 1850метри од кои 850метри беа рибарски мрежи за лов на клен,карас скобус и друга ситна риба, а 1000 метри  беа за лов на крап.

Дел од алатот се стоечки дел летечи-ловечки мрежи. Во истите мрежи затекнати се 7kg мало мерен клен, 14 парчиња мало мерен крап.

Целокупниот алат и рибите се предадени на ДИЗ – Охрид кои понатаму во соработка со СВР – Охрид ќе ги превземе сите неопходни мерки за пронаоѓање на сторителите на ова дело.

Контролата на рибочуварската служба на ЗСР Таш Ма 2011,  ДИЗ – Охрид и СВР – Охрид ќе бидат зајакнати во престојнипт период.

Против сите сторители на недозволен риболов ќе бидат превземени соодветни санкции.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top