Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување пари“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против В.Џ.(34) од Берат, Република Албанија.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување пари“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против В.Џ.(34) од Берат, Република Албанија.
На 24-ти минатиот месец, пријавениот во продавница во Струга купил електро опрема и притоа платил со фалсификувана банкнота од 20 евра односно истата ја пуштил во платен промет.
Настанот се случил околу 13 часот кога сега пријавениот со други 3 лица од Албанија пристигнал во Струга со намера да купат автомобил. Во продавница за електро опрема лоцирана во градскиот пазар, сега пријавениот купил електро опрема во вредност од 250 денари пришто на вработените им понудил банкнота од 20 евра. Тие, по извесно време откако се посомневале дека се работи за фалсификувана банкнота, настанот го пријавиле во полициска станица по што В.Џ. е пронајден во близина на пазарот.
По наредба на јавниот обвинител, во Народната банка на Република Македонија во Скопје извршено е вештачење на спорната банкнота од 20 евра и констатирано е дека банкнотата е фалсификувана.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град