Трговијата со луѓе постои. Секоја година повеќе од 700 000 илјади жени се жртви на трговците со луѓе. Без пари, тепана, измачувана, без документи, затворена и изолирана, без идентитет, купувана и продавана. Најчесто со ваков кошмар завршува еден сон на млада девојка која сака да успее во животот, несвесно влегувајќи во синџирот на едно од најголемите зла на денешницата, трговијата со луѓе. Застрашувачка е состојбата и во нашата земја. Ако Македонија некогаш беше транзит-земја низ која поминуваа жртвите на трговија со луѓе, денес нашата држава се претвори во земја на потекло на овој вид зло, од каде не се двои ниту општина Струга, велат од НВО „Езерка“, Струга.
Драгица Павлеска Попеска кажа дека работејќи на оваа проблематика досега постигнале многу. Но пред се, за дел на тој успех своја заслуга имала и Владата на Р Македонија.
Розе Лазареска координаторот на тимот за борба против трговија со луѓе од „Езерка“, истакна дека акцискиот план за 2010/2011 е исполнет во целост. Таа додаде дека во фаза на изготвување е локален акциски план кој ќе содржи приоритетни области, детектирани на локлано ниво. Лазареска рече дека во Македонија постојат мал број откриени случаи на трговија со луѓе, малку идентификувани и заштитени жртрви и малку сторители кои кривично се гонети или осудени. Трговијата на луѓе претставува најсурово кршење на човековите права, како што е тоа правото на живот, слобода, работа, образование, достоинство, сигурност, еднаквост, здравје. Таа постои насекаде околу нас и секој може да стане жртва на тоа зло. Од Езерка апелираат добро да се отворат очи, бидејќи во секој момент од секојдневието се случува да има трговија со луѓе.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град