Во Струга одбележан денот на Европа 9 ти Мај. На Македонија местото и е во големото европско семејство, порача првиот човек на општина Струга, Рамиз Мерко. Евроамбасадорот Ерван Фуере изненаден од спектаклот што општината го приредила по повод овој ден.
Штандовите на неколкуте земји членки на Европа, претставени од струшките училишта, одлично ги доловија спецификите на земјата која ја претставуваа. Високиот меѓународен претставник, Ерван Фуере, ги разгледа сите штандови на кои беа запазени традиционалните обележја на земјата која ја претставуваа и рече дека само вака Македонија е се поблиску на патот за влез во Европа. Фуере оптимист дека се ближи датумот за решавање на спорот со името и покрај вчерашните изјави на известувачот на ЕУ за Македонија, Зоран Талер дека до крај на шпанското претседателство тоа нема да се случи.
Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко не ја испушти можноста на сите европјани да им го честита 9-ти мај, денот на Европа. Тој потенцира дека овојпат учениците им го обелиле образот пред амбасадорот Фуере преку нивната комплетна подготвеност за овој настан.
Првиот човек на СОУ „Нико Нестор“ од Струга, Никола Затуроски рече дека за овој настан се подготвиле по интрукции на Локалната самоуправа. Тој вели „Успеавме комплетно да ги пренесеме најважните специфики на државата која се претставуваше“.
Учениците на Фуере јасно му порачаа дека Македонија е подготвена уште од утре да биде членка на Европа. Горѓи Мечкароски вели интересно е да се открие традицијата на една земја кога во раце се држат промотивните материјали за истата.
Иако имаме големи желби и амбиции да бидеме европјани, сепак во оваа гламурозна манифестеција и овојпат недостасуваше штанд на Македонија бидејќи сеуште не сме дел од големото европско семејство. Одбележувањето на денот на Европа во Струга беше проследен со масовен одзив од стружани, претставници на јавниот и општествениот живот, а беше присутен и потпретседателот на Владата, Васко Наумоски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град