Денес, Петер Соренсен ја посети општина Струга. Тој оствари работна средба со градоначалниците на двете општини Охрид и Струга. Евроамбасадорот беше информиран за локалните проблеми на двата града, кои потекнуваат од лошата корелација со централната власт, вели Рамиз Мерко. Градоначалникот на Струга, исто така пред Соренсен, ги потенцира меѓуетничките односи, кои според него се на извонредно добро ниво. Мерко, го замоли евроамбасадорот да се заангажира и да помогне да се средат работите во образовниот процес во Струга, каде биле наталожени бројни проблеми.
Александар Петрески, градоначалникот на Охрид, рече дека евроамбасадорот го информирале за многу нешта. Тој најпрво истакна дека се почестени што евроамбасадорот одлучил двете општини да ги посети меѓу првите во земјава. Петрески не информира дека пред амбасадорот на маса биле изложени сите специфични проблеми, кои ги тиштат двата туристички центри. Посебен акцент Петрески ставил на моменталната опструкција од страна на централната власт на полето на децентрализација.
Соренсен не се појави пред објективот на камерите на неколкуте медиумски екипи. Според она што можевме да разбереме, негова изјава се очекува после првиот негов извештај пред Европската комисија. Инаку евроамбасадорот Соренсен ги посети мозаик паралелките во струшката детска градинка, каде за прв пат се имплементира настава на двата јазици кои доминираат на ова подрачје, албански и македонски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град