Есејот пријателство без граници

„Есејот пријателство без граници“, е годинешната тема на меѓународната литературна манифестација „Година на есејот“, која се одржува во Струга, Вевчани и Охрид. Овие три места претставуваат поетски фронт, кај што 8 години се негува есејот, велат организаторите, од Медитеранската академија.

 |  Николоска Биљана  | 
esej
есеј

esejПразник на културата во Струга. Месецот јуни не само за Струга туку и за македонските писатели е месец кој се прославува во чест на браќата Миладиновци. Деновиве се одржува осмата меѓународна литературна манифестација „Година на есејот.“ Вевчани, Струга и Охрид се местата каде се одржува оваа манифестација, годинава насловена како „Есејот пријателство без граници“.

„Сите писатели есеисти и теоретичари вљубени се во Струга, како Мека, како дух, покрај оној големиот мамутски фестивал Струшки вечери на поезијата Струга навистина да го осветли тој пат да ги собери од повеќе земји на Балканот и Русија и европските земји токму овој фронт да се најде каде што се негува и пишува есејот. Сакам да подвлечам дека манифестацијата синоќа протече многу убаво каде што на колешката Хелена Саблиќ Томиќ и беше доделено признанието Академија на медитеранот“– вели Кумбароски.

Годинешниот лауреат Хелена Сабљиќ Томиќ, Струга ја доживува како отворен град, пред се центар на поезијата и воопшто литератутата на Балканот. Таа нагласи дека огромна чест е да се добие признанието, лауреат на манифестацијата „Година на есејот“.

esej„Мене навистина ми претставува задоволство и чест што на овој простор кој го негува пријателството разликите и културите и ги отвара границите можам да бидам дел од овој угледен собир кој ми ј адоделува оваа награда. Есејот секогаш е маргинализиран како жанр со оглед дека тој е научен, литературен и личен и јавен и заради тоа нужно е постоењето на оваа манифестација како би го позиционирал есејот како жанр во една категорија на поезија, проза и драма така да го стави на местото каде што припаѓа. Така да исклучително е важно што по осми пат се случуваат овие денови на есејот кои го осмислуваат есејот на едни нови простори, погледи што секако 21 век го очекува“- рече Томиќ

Медитеранска академија „Браќата Миладиновци“, кои се и организатори на годинешниот литературен настан, манифестацијата ја одржуваат во знак на одбележувањето на 153 годшнината од излегувањето на Зборникот на браќата Миладиновци кој што излезе од печат во Загреб на 24 јуни 1861 год.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top