Еколошка катастрофа на повидок

Постои опасност Реката Црн Дрим за еден ден да направи штета која наредните десет години нема да може да се санира.

 |  Николовска Биљана  | 
Vait Ajro
Ваит Ајро

Постои опасност Реката Црн Дрим за еден ден да направи штета која наредните десет години нема да може да се санира.

stanicaПред очи на сите одговорни, во реката Дрим се прелева непречистена вода која има уништувачко дејство врз флората и фауната.

Се заканува еколошка катастрофа.  реката Ц. Загрозени реката Црн Дрим, но и Охридското езеро. Пречистителната станица „Враништа’’ не може да прими количество на вода кое во моментов доаѓа на пречистување тука. Ваквата состојба е последица на зголемување на процентот на приклученост на отпадните води, со што сериозно се нарушува  функционирањето на регионалниот канализационен систем за одведување и пречистување на отпадните води во оваа пумпна станица. Директорот на Работна Единица Колектор Ваит Ајро вели дека овој проблем последниве пет години зема се поголем замав.

stanicaСистемот за заштита на Охридското езеро од отпадни води 21 година е во функција, но со реализација на проектите за изградба на новата канализациона мрежа неможе да се постигне нормален сооднос на фекални и нефекални води вели Ајро.

„Организационата поставеност на одржување на Регионалниот канализационен систем која е поделена на трите работни единици на МЈП Проаква се покажува неефикасна“, вели Ајро.

Тој додава дека порационално би било управувањето со тој систем да го врши една работна единица.

Водата која што се прелева во реката Дрим претставува сериозна закана за флората и фаунатаа посебно за лугето кои наменски ја користат.

Од МЈП Проаква Работна единица Колектор Струга велат дека со овој проблем за работата на системот, запознаени се сите раководни лица во МЈП Проаква, основачите на истото, како и министерството за животна средина и просторно планирање со цел да понудат мерки за долгорочни и краткорочни надминувања на постојаните проблеми со големиот дотек на нефекални води. Проблемите се од финансиски аспект на кој може да одговори само централната власт, но од таму молчат, велат од РЕ Колектор Струга.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top