На престојните Локални избори треба да покажеме единство и одлучност, бидејќи доживуваме историски моменти за Струга, сметаат кандидатите за советници од заедничката листа на СДСМ и ВМРО- ДПМНЕ за Струга.
Го добиваме мнозинството на Советот како и нашиот градоначалник Др Владо Кочовски, уште во првиот круг, сметаат од заедничката листа за кандидати за советници од коалицијата „За подобра Македонија“, како и од здружената опозиција „Сојуз за иднината“ од Струга. Дел од кандидатите за советници исто така порачаа: – сите оние кои и мислат добро на Струга масовно да излезат на 24 март на Локални извбори 2013, да го дадат својот глас за подобра и попросперитетна Струга, за да можат граѓаните да ги почуствуваат приоритетите од бројните проекти кои чекаат реализација. Впечатокот на кандидатите за советници од заедничката листа за Струга е дека коалицијата позитивно е прифатена од граѓаните на Струга.
„Да бидеме свесни дека ова се историски моменти, кога треба да покажеме единство и одлучност, сплотеност и цврстина за доброто на сите нас и нашите поколенија. Гласајте за Др Владимир Кочоски со реден број 19 и гласајте за нашата листа советници со реден број 35“.
„Катастрофалното менаџирање во изминативе 8 години од страна на Локалната самоуправа ја формира оваа коалиција со цел подобрување на просперитет и развојот на Струга. Нити сме имале нити ќе имаме предрасуди кон другите етнички заедници во општина Струга затоа ги повикувам граѓаните без разлика на етничка припадност да излезат и гласаат за нашата советничка група и кандидатот за градоначалник“. „Има голема разлика меѓу националист или патриот. Јас целиот живот се чуствувам како патриот и со таа цел би сакал да повикам н амасовна излезност и да кажеме за кого треба да глазаме“.
„Ги повикувам сите граѓана на општина Струга на 24 март да излезат и да го дадат својот глас за кандидатот за градоначалник Др Владимир Кочоски со реден број 19, како и за заедничката советничката листа на ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ и останатите коалициони партнери, број 35. Со тоа ќе покажеме дека сите заедно сме сплотени и единствени и решени да ги преземеме работите во сопствени раце и да дадеме еден нов лик на градот Струга лик кој го заслужува“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град